Апликации
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
24
За да ја видите количината на меморија достапна за инсталација на игра и
апликација, изберете Опции > Статус на мемо..
За да преземете игра или апликација, изберете Опции > Даунлоади > Даунло.
на игри или Даунло. на апл.. Вашиот телефон поддржува J2ME™ Java апликации.
Уверете се дека апликацијата е компатибилна со вашиот телефон пред да ја
преземете.
Важно: Инсталирајте и користете апликации и друг софтвер само од
доверливи извори, како што се апликациите што се потпишани од Symbian Signed
или го поминале Java Verified™ тестирањето.
Преземените апликации можат да бидат снимени во Галерија наместо во
Апликации.
14. Организатор
Часовник со аларм
Изберете Мени > Организатор > Будилник.
За да го вклучите или исклучите алармот, изберете Аларм:. За да го поставите
времето за алармот, изберете Време на аларм:. За да го поставите телефонот да
ве алармира во избраните денови од седмицата, изберете Повторување:. За да го
изберете или прилагодите тонот за аларм, изберете Звук на алармот. За да
поставите тајмаут за дојавата за одлагање, изберете Наместете време на
одложување:.
За да го запрете алармот, изберете Стоп. Ако дозволите телефонот да продолжи
да се огласува со алармот минута или изберете Повтор., алармот запира за
тајмаутот за одлагање, а потоа продолжува.
Календар и листа со обврски
Изберете Мени > Организатор > Календар. Тековниот ден е врамен. Ако има
било какви белешки поставени за денот, денот е прикажан задебелено.
За да направите календарска белешка, дојдете до датумот и изберете Опции >
Направи белеш..
За да ги видите дневните белешки, изберете Прик.. За да ги избришете сите
белешки во календарот, изберете Опции > Избри. белешки > Сите белешки.
За да ја видите листата со обврски, изберете Мени > Организатор > Листа на
задачи. Листата со обврски е прикажана и сортирана според приоритет. За да
додадете, избришете или пратите белешка, за да ја означите белешката како
завршена или да ја сортирате листата со обврски според рок, изберете Опции.