Nokia 2323 classic - Мени на операторот

background image

Мени на операторот

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

22

background image

11. Галерија

Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат придружени со клуч за активирање што ги

дефинира Вашите права за користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна

копија на клучевите за активација и на содржината, користете ја функцијата за

правење резервни копии на Nokia PC Suite. Другите методи на префрлување може

да не ги пренесат клучевите за активирање кои треба да се овозможат со

содржината за да можете Вие да продолжите со користење на содржината

заштитена со OMA DRM откако меморијата на уредот ќе биде форматирана. Може

исто така да треба да ги повратите клучевите за активирање во случај датотеките

на Вашиот уред да бидат оштетени.
Вашиот телефон поддржува систем на управување со дигитални права (DRM) за да

ја заштити стекнатата содржина. Секогаш проверувајте ги условите за испорака на

секоја содржина и клучот за активирање пред да ги преземете, бидејќи тие можеби

се наплаќаат.
За да ги видите фолдерите, изберете Мени > Галерија.

12. Медиуми

FM радио

FM радиото зависи од антена која што е различна од антената на безжичниот уред.

Компатибилна слушалка или додаток треба да биде прикачен на уредот за ФМ

радиото да функционира правилно.

Предупредување: Слушајте ја музиката на умерено ниво. Континуираното

изложување на висока јачина на звук може да го оштети Вашиот слух. Не држете

го уредот блиску до Вашето уво кога звучникот е во употреба, бидејќи јачината на

звукот може да е исклучително висока.
Изберете Мени > Медиа > Радио или, во режим на мирување, притиснете и

држете*.
Ако веќе сте зачувале радио станици, движете се лево или десно за префрлање

меѓу станиците, или притискајте ги соодветните нумерички копчиња на

мемориската локација на саканата станица.
За да барате соседна станица, притиснете и држете го копчето за движење лево

или десно.
За да ја зачувате станицата која сте ја наместиле, изберете Опции > Зачувај ја

стан..
За да ја прилагодите гласноста, движете нагоре или надолу.
За да го оставите радиото да свири во позадина, притиснете го копчето за крај. За

да го затворите радиото, притиснете и држете го копчето за крај.